Кој сме ние

 

САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА, една од водечките компании за производи за широка потрошувачка беше основана во Константинопол во 1930 година. Во 1956 година, седиштето на Групацијата е преселено во Атина, Грција.

 

Низ историјата, САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА нудеше висок квалитет на производи за секојдневна употреба по конкурентни цени, секогаш земајќи ги во предвид потребите на потрошувачите и влијанието на околината. На овој начин Групацијата растеше и се развиваше, нудејќи дополнителна вредност на потрошувачите, клиентите, добавувачите, акционерите и вработените.

 

Од парфеми и козметика, до производи за лична нега, здравје, како и секојдневни производи за домаќинство, САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА нуди широк спектар на производи со висока свест за брендот. Всушност, во повеќето категории, нашите производи се на врвот на листата на желби на потрошувачите.

 

Работиме во 9 подружници низ Европа- Полска, Романија, Бугарија, Србија , Р.Чешка, Унгарија ,Македонија, Босна и Португалија- Групацијата одржува моќно интернационално присуство и дистрибутивна мрежа кој извезува во повеќе од 35 земји.

 

Компанијата ГР. САРАНТИС С.А., матичната компанија на САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА е присутна и на Атинската берза на хартии од вредност уште од 1994 година. Покрај тоа, матичната компанија има воспоставено заедничко вложување со ESTEE LAUDER HELLAS за ексклузивна дистрибуција на ESTEE LAUDER производите во Грција, Романија и Бугарија.