Политика на колачиња (Cookies)

Политика на колачиња

 

Оваа Политика за колачиња обезбедува информации во врска со употребата на Колачињата и слични технологии од страна на веб-страницата и /или било која мобилна апликација управувана од или од страна  на компанијата  Гр. Сарантис СА ("ние" или "нас") и/ или компании  поврзани со неа("веб-страница"). Исто така ќе опишеме и какви опции Вие имате во врска со Колачињата и сличните технологии на нив.

 

Оваа Политика за колачиња е составен дел од условите за користење на веб-страницата и може повремено да биде предмет на измени. Ви препорачуваме редовно да ја проверувате нашата политика за колачиња за да бидете информирани за било какви новости. Соодветни известувања за значителни промени, исто така, може да бидат прикажани и на нашата веб-страница. Со посета на веб-страницата Вие се согласувате да ги прифатите сите промени направени во оваа Политика.

 

Во некои случаи, може да користиме технологии за следење за да собираме информации за личнo препознавање или кои можат да бидат информации за лично препознавање доколку ги комбинираме со други информации. Во вакви случаи, нашата Политика за приватност ќе се примени како дополнување на Политиката за колачиња.

Што се колачиња. 

Колачињата се мали текстуални датотеки - кои се состојат од букви и броеви - зачувани на Вашиот уред од страна серверот на веб-страницата.

 

Колачињата се делат на "Колачињата за сесија" и "Упорни колачиња" во зависност од времето што тие остануваат зачувани на Вашиот уред. "Колачињата за сесија" се складираат на Вашиот уред во моментот кога ја посетувате веб-страницата и се бришат автоматски откако ќе го затворите интернет пребарувачот. "Упорните колачиња" се зачувуваат во времето кога посетувате веб-страницата и остануваат складирани и откако ќе го затворите интернет пребарувачот. Упорните колачиња автоматски ќе се активираат повторно при отварање на интернет пребарувачот и ќе започнете со пребарување на интернет.

 

Примарни и колачиња од трета страна-Без разлика дали колачето е "примарно" или од "трета" страна, тоа се однесува на веб-страницата или доменот што го поставува колачето. Примарни колачиња се колачињата поставени од страна на веб-страницата која ја корисникот ја посетува - веб-страницата прикажана на URL прозорецот. Колачињата од трета страна се колачиња кои се поставени од друг домен настрана од оној што го посетил корисникот. Ако некој корисник посети веб-страница а одделна компанија има поставено колаче на таа веб-страница, тоа би претставувало колаче од трета страна.

Зошто користиме колачиња?

Ние користиме колачиња за да Ви go овозможиме најдоброто искуство при интернет пребарувањето. Одредени колачиња се технички потребни за правилно функционирање на веб-страницата, додека други се користат за вршење на дејствија како што се: рекламирање, добивање статистички податоци (т.е. колку посетители гледаат одредени содржини на веб-страницата или ги гледаат нашите реклами кога посетуваат други веб-страници) и олеснување на Вашата интеракција при користење на социјалните мрежи.

 

Ние и /или трети лица кои обезбедуваат услуги во наше име, ги класифицираме колачињата по категориите што следат подолу. Напоменуваме дека можете да се откажете од секоја категорија на колачиња (освен суштинските) во секое време.

 

 

Суштински колачиња 

Овие колачиња се апсолутно неопходни за да Ви ги обезбедиме бараните услуги преку веб-страницата.Тие се од суштинско значење за да можете да ја посетите нашата веб-страница и да ги користите нејзините карактеристики правилно. Основните функции како што се следниве се потпираат на овие колачиња:

 

  • • да останете најавени на нашата веб-страница;
  • • да ги зачуваме личните информации што ги внесувате на веб-страницата во било кое време на извршување трансакција преку нашата веб-страница;
  • • да обезбедиме безбедност на трансакциите со тоа што ќе ве упатиме до апликациите за плаќање кои се наоѓаат на веб-страниците на трети лица за да ја завршите трансакцијата;
  • • да ви помогнеме да добиете информации за Вашата трансакција откако ќе биде комплетирана; и
  • • општо земено, обезбедување на услуги и информации по Ваше барање.

 

Колачиња за подобри перформанси

Овие колачиња собираат информации за тоа како корисниците ја користат веб-страницата, со цел да ни овозможат да ја ажурираме и да го подобриме искуството на нејзините посетители. Овие колачиња не собираат информации што го идентификуваат посетителот. Информациите што се собираат преку нив се поврзани со:

 

  • • Страници кои корисниците ги посетуваат почесто;
  • • Производи и услуги кои се од поголем интерес;
  • • Реклами или понуди прегледани од страна на корисниците;
  • • Линкови кои  корисниците ги проследиле;
  • • пораки за грешки  кои корисниците можат да ги примат додека ја пребаруваат веб-страницата итн.

 

Функционални колачиња

Овие колачиња ни овозможуваат да ја персонализираме нашата содржина за Вас, да ве поздравиме по Вашето име и да ги запомниме Вашите параметри (на пример, Вашиот избор на јазик или регион). Доколку одберете да ги избришете/оневозможите овие колачиња, сите параметри/поставувања што сте ги избрале нема да бидат задржани за следните посети на нашата веб-страница.

Таргетирани/маркетинг колачиња

Овие колачиња ги запомнуваат Вашите он-лајн активности, вклучувајќи ги посетите на нашата веб-страница, други страници што сте ги посетиле, линковите и рекламите што сте ги проследиле. Една од целите е да ни помогнете содржината прикажана на нашата веб страница да биде порелевантна за Вас. Друга намена е да се овозможи испорака на реклами или други комуникациски пораки кои се дизајнирани да бидат во согласност со Вашите интереси.Испораката на реклами базирани на интерес може да не вклучува нас, потоа субјекти кои ни обезбедуваат услуги и партнери  како што се издавачи, платформи за управување со податоци и платформи од страна на побарувачката. На пример, ако погледнете една од нашите веб-страници, ние може да дејствуваме на тој начин што до Вас ќе биде доставена реклама, на нашата веб страница или на други веб-страници кои ќе ги посетите. Таа ќе се однесува на производите кои се наоѓаат на таа страница или за слични производи и услуги. Ние и нашите добавувачи на услуги и партнери исто така можеме да додадеме и други податоци освен информациите собрани од овие колачиња вклучувајќи ги и информациите добиени од трети лица и да ги споделуваме овие информации со трети лица со цел тие да се доставуваат реклами до Вас.

Колачиња од трети страни

Со цел да се обезбеди поинтересна содржина и да Ви помогнеме да комуницирате преку Вашите профили на социјалните медиуми, веб-страницата може да содржи содржини и услуги од трети страни (на пример, "приклучоци" од Facebook, Тweeter, YouTube, Instagram, Pinterest итн.) или врски до веб-страници на трети страни. Со пристап до вакви линкови и / или веб-страници, Вие сте предмет на политиката за колачиња на таа трета страна. Во таков случај продолжувате на сопствена одговорност и ние не сносиме никаква одговорност во врска со било какво прашање што произлегува од складирањето на колачиња на Вашиот уред од страна на таквите веб-страници на трети страни.

 

Подолу погледнете  ја деталната листа на колачиња кои ги користиме на нашата веб-страница:

 

Колаче/ вид и категорија

Време на траење

Употреба

Детали

_ga

2 години

Се користат за разликување на корисниците.

Се користи од страна на Google Analytics.

_gid

24 часа

Се користат за разликување на корисниците.

Се користи од страна на Google Analytics.

_gat

1 минута

Се користи за проценување на брзината на побарувачката. Ако Google Analytics е распореден преку Google Tag Manager, ова колаче ќе биде именувано како _dc_gtm_ <property-id>.

Се користи од страна на Google Analytics.

has_js 

Неограничено

Се користи за да се добие информација дали javascript е овозможен на пребарувачот.

 

SESS + random string

Неограничено

Формира име на сесија компатибилно со D6 околината.

(CSM Core функција)

 

 

 

 

Како да се контролираат колачињата.

Повеќето веб пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но и обезбедуваат контроли што Ви дозволуваат нив да ги блокирате или избришете. Имате можност да овозможите или оневозможите складирање на колачиња на Вашиот уред со менување на подесувањата на интернет пребарувачот во секое време. Исто така имате и опција да го прилагодите Вашиот пребарувач да Ве информира пред колачето да е зачувано на Вашиот уред или да ги следите упатствата на пребарувачот за да ги избришете веќе зачуваните колачиња. Ако користите различни уреди, треба да ги прилагодите веќе прилагодените поставувања на пребарувачот во однос на колачињата на секој од Вашите уреди.

 

Доколку одберете да ги оневозможите сите колачиња, можеби нема да можете целосно да ги користите интерактивните функции на нашата веб-страница или да ги примате нашите услуги преку нашата веб-страница.

 

Со бришењето на колачињата не се бришат Flash објектите. За да дознаете повеќе за Flash-објектите, вклучувајќи го и тоа како да ги контролирате и оневозможите, посетете ја веб-страницата на Adobe .Таму можете да најдете и дополнителни информации за колачињата и слични технологии кои се користат на различни веб-страници преку интернет пребарувачот или други интернет ресурси.

 

За да управувате со колачињата преку пребарувачот кој го користите, кликнете на следниве линкови за насочување кон упатствата:

 

Microsoft Windows Explorer

Mozilla Firefox

Google Chrome

Apple Safari

 

За да дознаете повеќе за колачињата и следењето од веб-страниците на трети страни посетете ги линковите подолу:

 

Кои се слични технологии?

Пиксел тагови, веб-бубачки (web beacons), вградена скрипта and  GIF датотеки (формати за размена на графика) се користат за следење на навигацијата на веб-страницата и може да се користат како колачиња. Флеш објекти (локално споделени објекти) се мали фајлови складирани на Вашиот уред од страна на веб-страницата користејќи Adobe Flash Player технологија.

 

Веб-бубачки и вградени скрипти

 

Веб-бубачките и вградените скрипти се  други технологии кои ги користиме на нашите веб-страници, како и во некои од нашите пораки и реклами.

 

Веб-бубачките (или "ознаки") се битови на програмскиот код кои се вклучени во веб-страниците, е-пораките и рекламите, и ни испраќаат известувања кога се прегледани или посетени. Овие известувања се однесуваат кон  нас или трети страни кои обезбедувааат услуги во наше име.

 

Вградените скрипти се битови на програмскиот јазик и се вклучени во некои од нашите веб-страници. Тие мерат на кој начин Вие ги користите тие веб-страници, на пример што  кликнувате. Ние ги користиме овие информации за да ги подобриме нашите веб-страници, да ги прилагодиме на Вашите интереси и да спроведуваме истражувања на пазарот. Можеби ќе бидете во можност да исклучите некои од скриптите како што е JavaScript. За да го направите ова Ве молиме да ја погледнете ја функцијата за помош на вашиот пребарувач, но и да земете во предвид дека доколку го направите тоа нашата веб-страница може да не функционира правилно.

 

Приватност

Ние сме посветени на добри практики за приватност. За повеќе информации за нашиот пристап кон приватноста, погледнете ја нашата Политика за приватност.

Како да не контактирате

Ако имате било какви прашања околу тоа како ние ги користиме колачињата, можете да не контактирате користејќи ги информациите наведени подолу. Ве молиме внесете ги Вашите контакт информации и детален опис на Вашиот интерес.

Детали за контакт:

 

САРАНТИС Скопје - бул. Борис Трајковски 113,Скопје

Телефонски број : +389 2 2700 551

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .mk

 

 

Ова известување ги ажурира и ги заменува неговите претходни верзии. Ние можеме да направиме промени на ова известување во секое време. Во делот "ПОСЛЕДНО АЖУРИРАНО" на дното на оваа страница се наведува кога ова известување е последен пат менувано. Сите измени на ова известување ќе стапат во сила кога ќе го направиме ревидираното Известување достапно на или преку страниците. Последно обновено: 21.05.2018

Ревизија на документот

Овој документ периодично се разгледува и ревидира од страна на службеникот за заштита на податоци според Политиката за заштита на податоците.

Колачињата се важни за непречено извршување на страницата и за подобрување на вашето онлајн искуство. Кликнете "Прифати" за да продолжите или изберете "Дознај повеќе" за да ги видите деталните описи на колачињата.
Дознај повеќе Accept Cookies