Безбедност на производите

Заштита на здравјето и безбедноста на потрошувачите.

 

Преку постојана грижа, строга контрола на квалитетот како што се највисоки хигиенски стандарди и сите можни мерки за заштита, ние обезбедуваме здравје и безбедност на нашите потрошувачи.

 

САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА ги има добиено следниве сертификати: ISO 9001 за производство на SANITAS производите (повеќе информации се достапни на веб страната www.sanitas.com.gr), ISO 22716 за производство на производите за грижа од сонце, грижа за коса, грижа за кожа и парфимериските производи, ISO 9001 и ISO 13485 за трговија и дистрибуција на медицинско технолошки производи.

 

 

Одржлива потрошувачка

 

 

САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА поддржува одржлива потрошувачка со редуцирање на не одржливо производство и потрошувачки стандарди.

 

Ние ги прифаќаме практиките да им помагаме на потрошувачите да бидат свесни за влијанието од нивниот избор, нудејќи им еко- пријателски производи кои постепено може да ги смени нивните потрошувачки навики.

 

Примери за такви производи се Sanitas Green Line линијата и Bioten, Elmiplant, Solene и Orzene.

 

Ние учествуваме во локалниот менаџмент на програми за пакување и справување со отпадот од пакувањето. Ние го охрабруваме рециклирањето и повторната употреба на пакувањето, а сепак наш врвен приоритет останува минимизирање на отпадот од пакувањето.

 

САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА не ги тестираат своите производи на животни.

 

Кориснички услуги  – Решавање на проблеми

 

 

Без сомнеж, САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА го смета задоволството на своите потрошувачи меѓу своите врвни приоритети.

 

За да се постигне ова, ние имаме механизам за поддршка на нашите клиенти, кои се движат од потрошувачите телефонски линии, инструкции и совети за правилна употреба на нашите производи, со одредба за домашни посети, ако смета дека е потребно.