Сарантис низ целиот свет


Посетете ја нашата веб-страница на групата

Сарантис Група | Англиски

Или изберете локација

САРАНТИС СКОПЈЕ

Политика за колачиња

Политика за колачиња

На нашата веб страница https://northmacedonia.sarantisgroup.com («веб страница») ние користиме колачиња. Политиката за колачиња објаснува што претставуваат колачињата, начинот на кој што ги користиме на нашата веб страница, како можете да ги овозможите или оневозможите, и некои дополнителни информации.

ШТО ПРЕТСТАВУВААТ КОЛАЧИЊАТА?

Колачињата претставуваат мали текстуални датотеки кои што една веб страница ги зачувува на Вашиот компјутер или мобилен уред кога посетувате една веб страница. На овој начин, веб страницата го препознава компјутерот или мобилниот уред кој го користите, бидејќи ги прибира информациите наведени во табелата со колачиња. Сите информации се користат заради посебни причини и временски период, како што е аналитички опишано за секое колаче во табелата со колачиња. Дополнително, некои колачиња служат на САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА за комерцијално рекламирање и/или промоција. Колачињата ù овозможуваат на веб страницата да ги запомни Вашите активности и претпочитања во одреден временски период за да Ви обезбеди услуга која што е погодна за Вас. Подолу можете да најдете подетален преглед на категории колачиња кои ги користиме и за кои цели.

Колачињата може да бидат «трајни» или «времени». Трајните колачиња остануваат во Вашиот компјутер или мобилен уред дури и кога ќе се исклучите, додека времените колачиња се бришат штом ќе излезете од прелистувачот.

Колачињата може да бидат инсталирани од провајдерот на веб страницата која што ја посетил корисникот (колачиња од првата страна) или од други преку провајдерот на веб страницата (колачиња од трети страни) која што ја посетил корисникот.

За обработката на личните податоци е одговорен провајдерот на колачињата кој што ги собрал истите (провајдерите се наброени во соодветната табела со колачиња), а примателите на личните податоци се лица (вработени, трети страни) кои што се овластени од провајдерот.

КАКО СЕ КОРИСТАТ КОЛАЧИЊАТА НА ВЕБ СТРАНИЦА?

Кога ќе ја внесете и пребарате веб страницата, имаме датотеки со колачиња во Вашиот уред внатре во пребарувачот. Колачињата се користат поради следните причини:

За да активирате одредени функции на веб страницата.

Поради аналитички причини.

КОИ СЕ КАТЕГОРИИТЕ КОЛАЧИЊА КОИ ШТО СЕ КОРИСТАТ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА?

Различните категории колачиња постојат во зависност од целта на нивната употреба. Категориите колачиња кои се користат од САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА се следните:

Технички неопходниte колачиња кои се од суштинско значење за оптимално функционирање на веб страницата Ви овозможуваат да ја прелистувате веб страницата и да ги користите нејзините функции, како што се пристап до безбедни области, претходно избирање на Вашиот претпочитам јазик или презентација на резултатите од пребарувањето итн. Таквите колачиња не препознаваат индивидуална идентификација. Без овие колачиња, не можеме да понудиме ефективно функционирање на нашата веб страница, затоа тие мора да бидат претходно избрани.

Претпочитани колачиња кои овозможуваат веб страницата да запомни информации што го менуваат начинот на кој се однесува или изгледа веб страницата, како што е Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате и Ви дозволуваат да креирате листа со сè што сакате. Таквите колачиња се зачувуваат онолку долго колку што трае Вашето прелистување. Оваа категорија колачиња бара Ваша согласност.

Колачиња за статистика кои им помагаат на сопствениците на веб страниците да разберат како посетителите комуницираат со веб страниците собирајќи информации и анонимно известувајќи ги со единствена цел да ги подобрат функциите на веб страниците. Информациите што ги обработуваме се анонимни, додека функцијата „Не следи“, која можете да ја поставите преку прелистувачот што го користите, Ви дава дополнителна сигурност. Таквите колачиња се користат од нас или од трети страни во наше име. Оваа категорија колачиња бара Ваша согласност.

Маркетинг колачиња кои имаат за цел да Ви понудат содржина што би одговарала на Вашите интереси. Колачињата ги следат Вашите преференции за да Ви обезбедат најсоодветно рекламирање или записи надвор од веб страниците на САРАНТИС ГРУПАЦИЈАТА. Таквите колачиња се користат од нас или од трети страни во наше име. Оваа категорија колачиња бара Ваша согласност.

Информации за било кое колаче, неговото име, категоријата во која е класифицирано, неговата цел на употреба, времетраењето на неговото зачувување и неговиот провајдер, како и можноста за обезбедување или повлекување на Вашата согласност за употреба на колачињата кои ги сакате, можете да најдете во табелата за колачиња.

Вашите опции се зачувани на секој уред и на секој прелистувач за период од 12 месеци, а по истекот на овој период Вие ќе бидете повторно прашани.

Гр. САРАНТИС СА, 26, ул. Амароусиоу – Халандриоу, Атина, во функција на контролор.

Овде можете да најдете повеќе информации за нас, за начинот на кој што можете да нè контактирате, за начинот на кој што ги обработуваме Вашите лични податоци и за начинот на кој што можете да ги остварите Вашите права од нашата Политика за заштита на лични податоци.

КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ОВОЗМОЖИТЕ/ОНЕВОЗМОЖИТЕ КОЛАЧИЊАТА?

Можете да го конфигурирате Вашиот веб прелистувач да Ве предупредува за употребата на колачиња, да ги овозможува колачињата кога ќе ги изберете или да спречи да се инсталираат на Вашиот уред и да ја користи функцијата „Не следи“.

Можете да ги избришете сите колачиња кои што веќе ги имате на Вашиот уред со чистење на историјата на пребарување на Вашиот прелистувач. Ова ќе ги избрише сите колачиња од сите веб страници кои што сте ги посетиле од овој пребарувач. Сепак, на овој начин некоја од зачуваните работи може да биде изгубена, како на пример, зачувани најави на профили, преференции за одредена страница итн.

Сепак, ако изберете да ги оневозможите сите колачиња или не го прифатите нивното инсталирање, можеби нема да можете во целост да ги искусите интерактивните карактеристики на нашата веб страница. На тој начин, нема да можете да ги зачувате Вашите преференции, а некоја од нашите страници може да не биде соодветно прикажана.

За да управувате со колачињата преку Вашиот пребарувач, кликнете на следните линкови за да бидете пренасочени кон поддршката на веб страниците на Вашиот прелистувач:

За Chrome, посетете ја страницата на Google:

https://support.google.com/accounts/answer/32050

За Internet Explorer, посетете ја страницата на Microsoft:

http://support.microsoft.com/kb/278835

За Firefox, посетете ја страницата на Mozilla:

https://support.mozilla.org/en-US/kb/delete-cookies-remove-info-websites-stored

За Safari, посетете ја страницата на Apple:

https://support.apple.com/kb/PH21411?locale=en_US

Ако користите некој друг прелистувач, за да ја посетите веб страницата, посетете ги официјалните страници на Вашиот прелистувач.

 

КАДЕ ДА НАЈДЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КОЛАЧИЊАТА?

За повеќе информации во врска со колачињата, можете да ги посетите следните веб страници на трети страни:

Сè за колачињата: http://www.allaboutcookies.org/

Network Advertising Initiative: http://www.networkadvertising.org/

ШТО ПРЕТСТАВУВААТ ЛОГ ДАТОТЕКИТЕ?

Следните податоци ќе бидат регистрирани во лог датотеки за секое барање на серверот на порталот преку прелистувачот на посетителот/корисникот:

IP адресата на посетителот/корисникот, која што претставува негов/нејзин личен податок, дури и ако не можеме да го/ја идентификуваме врз основа на оваа информација,

датата и времето на извршување на секое барање за пренос на податоци помеѓу прелистувачот и серверот (https барање) за операцијата по https протокол,

кодот со одговор на серверот со повикувачките параметри по https протокол (https одговор),

времето на одговор на серверот во минути за секое барање и

видот на прелистувач преку кој било поднесено барањето. 

Горенаведените податоци ќе бидат собрани за да се контролира сигурноста на информациите и услугите на порталот, за да се обезбеди достапност, интегритет и доверливост на информациите и податоците од случајни, нелегални или злонамерни активности или инциденти, за да се истражат одредени онлајн напади и инциденти, како и заради поддршка на одредени соодветни правни процеси.

Лог датотеките ќе бидат зачувани за период од 12 месеци и за истите може да биде информирана компанијата која што ги обработува за целите на управување со порталот, како и надлежните органи ако е тоа потребно, заради истрага на одреден онлајн напад или инцидент. Информацијата поради која што се прави истрага или се користи во контекст на правни процеси, ќе биде сочувана за периодот за кој е потребна во тие цели.

 

Change cookies consent Revoke cookies consent